Утрински Весник
Македонија

Митрески на 80-годишнината од Февруарскиот поход: Делата на борците за слобода ги поставија темелите на нашата државност

20240227143335 Big 730x400 43.webp.webp

Претседателот на Собранието Јован Митрески, денеска учествуваше на одбележувањето на јубилејот – 80 години од Февруарскиот поход и од смртта на народниот херој Кузман Јосифовски Питу.

Во поздравното обраќање пред присутните на настанот во Домот на Армијата, во организација на Главниот одбор на Сојузот на борци од НОАВМ 1941-1945, Митрески истакна дека делата на борците за слобода ги поставија темелите на нашата државност.

Тој посочи дека наша обврска е да го продолжиме делото на борците од Февруарскиот поход, а како што рече тоа е зачувувањето на самостојна државност и обезбедување на просперитет за денешните и идни генерации.

– Февруарскиот поход е една од историските лекции за нашата земја на кои треба постојано да им се навраќаме продолжувајќи да ја трасираме иднината за новите генерации, како што борците за слобода ја трасираа сегашност што ја живееме. Наша е обврската да го продложиме делото на борците од Февруарскиот поход, да го продолжиме делото на Кузман Јосифовски – Питу и на сите негови соборци, наши херои, а тоа е да ја зачуваме нашата независна и самостојна државност, но и да обезбедиме просперитет и развој за денешните и идните генерации, истакна Митрески.

Тој се осврна на својата неодамнешна посета на Украина, посочувајќи дека земјава и овој пат, исто како и во Втората светска војна е на вистинската страна.

– Сега, кога не многу далеку од нас повторно се води војна, Северна Македонија и овој пат, заедно со своите сојузници, е на страната на прогресивните сили. Ужасите што не можевме ниту да замислиме дека може да се случат денеска, и за кои мислевме дека се минато, особено после страдањата што ги преживеа особено Европа, после Втората светска војна, повторно се тука, повторно на европско тло. Нашата држава, нашите граѓани и овој пат, исто како и во минатото, во Втората светска војна, застанаа на вистинската страна, на страна на демократијата, на човековите права, на страната на мирољубивоста и соживотот, рече Митрески.

Можете да прочитате

Следните неколку денови стабилно, па повторно промена и дожд

Молика стара 250 години уништена од силен ветер

Меџити тоа што не може да го блокира, го узурпира, реагира Ирена Витина