Утрински Весник
Спорт

Димитријевиќ најдобр стрелец во квалификациите за ЕП-2025

220741 Dimitrijevikj Najdobar Strelec Vo Vtoroto Kolo Od Evro Kvalifikaciite.jpg

Предводникот на македонската кошаркарска репрезентација Ненад Димитријевиќ во триумфот на мечот од квалификациската група „Х“ за пласман на ЕП-2025, на гости против Посла во Сосновиец (96:71), е најдобриот стрелец во второто коло. Македонскиот репрезентативец Димитријевиќ на паркетот ги помина речиси сите 40 минути и постигна 32 поена, а имаше и по 8 скока и асистенции. Димитриевиќ е прв стрелец и по првите две одоиграни кола со постигнати вкупно 57 поени, за 35,1 минути минати на теренот. На листата на најдобрите поентери тој е пред Словенецот Клемен Препелиќ и пред Торнике Шенгелија од Грузија. Меѓу кошаркарите кои го одбележаа второто коло од квалификациите за ЕП-2025 е и натурализираниот Македонец, Итан Хап кој е најдобар „крадец“ со пет украдени топки, колку што има и Кендрик Пери од селекцијата на Црна Гора.

Можете да прочитате

Рутинска победа на Реал кај Леганес

Дебакл на Хрватска во БиХ, Хрватите ќе останат без место на ЕП

Повредата на Димитријевиќ не е сериозна: Беше само силен грч , се ќе биде во ред набрзо