Утрински Весник
Спорт

Бергвал во стилот на Марадона: Издрибла петмина и постигна гол

Lukas bergval.jpe
Dik 300x250 mk

Лукас Бергвал најавува голем потенцијал и во иднина може да биде голема ѕвезда на светскиот фудбал.

Младиот 18-годишен играч од средниот ред игра фантастично за Ѓургарден. Тој успеа да постигне гол во стилот на Марадона или Меси. против Јунајтед Нордик во купот.

Во 11. минута го постигна својот прв гол на натпреварот, а потоа во 67. минута воодушеви со голот за 4:0. Ја прими топката на сопствената половина од теренот, на пат кон голот издрибла пет противнички фудбалери и на крајот ја затресе мрежата.

18 year old Lukas Bergvall with a filthy solo goal for Djurgården
byu/OleoleCholoSimeone insoccer

Бергвал веќе дебитираше за Шведска на натпреварот против Естонија на 12 јануари.

Во зимскиот преоден рок тој беше пред потпис со Барселона, но во последен момент ја смени одлуката и потпиша договор со Тотенхем. Англискиот клуб за Бергвал на Ѓургарден му плати 10.000.000 евра.

Можете да прочитате

Лос Анџелес Доџерс ја одбранија титулата

Салах го постигна 250. гол за Ливерпул и им се придружи на Раш и Хант

УЕФА пред тужба за повреда на авторски права на новиот концепт на Лигата на шампиони