Утрински Весник
Свет

Перу прогласи вонредна здравствена состојба поради Денга треска

20240227073723 Big 730x400 52.webp.webp

Перу вчера прогласи вонредна состојба во поголемиот дел од земјата откако топлотниот бран и обилните дождови доведоа до пораст на случаите на Денга треска.

Бројот на загинати од вирусот во оваа јужноамериканска земја годинава се зголеми на 32, изјави вчера министерот за здравство Цезар Васкез. Вкупниот број на случаи во првите осум недели од оваа година се зголеми на 31.300, рече Васкез.

-Перуанската влада вчера го одобри предлогот за прогласување вонредна состојба, им соопшти Васкез на новинарите, неколку часа откако кажа дека избивањето на епидемијата на Денга е „неминовно“.

„Има 20 региони, од 25, во кои ќе биде прогласена здравствена вонредна состојба поради Денга“, додаде тој.

Со декларација се зголемуваат ресурсите за здравствени услуги во погодените области.

Денгата, која главно се пренесува со каснување од заразени комарци, предизвикува симптоми како треска, гадење, повраќање, замор и болки во телото. Повеќето случаи забележани досега во Перу се на северот на земјата, каде болниците се веќе преполни.

Минатата година во Перу од денга треска починале 428 лица, а според официјалните податоци биле заразени 269.216 лица.

Можете да прочитате

Зеленски верува дека војната ќе заврши во 2025 година

Путин потпиша закон за отпис на кредитни долгови за учесниците во специјалната воена операција

33.000 домаќинства во Франција останаа без струја поради невреме