Милитантната палестинска група Хамас ја осуди администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден за овозможување на израелската опсада на Газа, која доведе стотици илјади Палестинци на работ на глад.
„Некомпетентноста на меѓународната заедница и американското прикривање на злосторството на гладување кое окупацијата го користи како оружје за да ги постигне своите политички цели е срам за човештвото што историјата нема да го избрише, дури и ако американската администрација се крие зад погрешни изјави за хуманитарната ситуација во Појасот Газа“, се вели во соопштението на Хамас, пренесе Ал Џезира.
Милитантната палестинска група истакна дека тоа нема да ги ослободи од одговорност и учество во воени злосторства извршени врз беспомошни цивили.