Русија ја отфрли идејата за можни разговори во Женева за мировен план за Украина без учество на Москва. Кремљ денеска соопшти дека идејата за мировни преговори за војната во Украина без учество на Русија е „смешна“, бидејќи украинскиот претседател Володимир Зеленски изрази надеж дека ќе разговара за својата мировна визија со своите сојузници во Швајцарија. „Спроведувањето на мировните планови без учество на Русија е несериозно и смешно“, изјавил портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Шефот на кабинетот на украинскиот претседател Андриј Јермак во неделата изјави дека нацрт-документот поврзан со најавената средба во Швајцарија би можел да биде доставен и до Русија.