Интегрален текст од соопштение за јавност на СДСМ:
Одговор на новинарско прашање: СДСМ јасно го кажа во многу наврати нашиот став дека кандидатот за претседател треба да се бира на непосредни избори и ова барање не е ништо ново, се слушаше и во изборите во 2019 и 2020 година, сметаме дека нема потреба да се назадуваме во демократијата. Важно е дека кандидатот на СДСМ ќе биде поддржан од сите етнички заедници и ќе биде поддржан од најголемиот дел на нашите граѓани и ќе биде победник на претседателските избори. Оттука не очекуваме дека ќе бидат бојкотирани претседателските избори од било која политичка партија и очекувам голема поддршка за канидатот на СДСМ.