Утрински Весник
Македонија

Ќе има протести ако нема усогласување на платите со минималната плата, најавува Независниот синдикат на здравствени работници

D 25.webp.webp

– Независниот синдикат на здравствени работници, административен технички персонал и технички персонал најавува протести доколку нема усогласување на платите со минималната плата.

На денешната прес-конференција, националниот координатор на Независниот синдикат Боби Бојчевски рече дека ќе се протестира за време на паузи и дека во период од три часа би биле затворени јавните здравствени установи, а би се примале само итните случаи. Што од ова ќе биде спроведено, зависи како ќе се договорат претставниците на синдикалната организација овие денови.

– Да не се игра со чувствата на вработените во здравството, уште еднаш да не бидеме изманипулирани, бараме правилно и законски да се исплати платата согласно со Законот за минимална плата. Ова наше барање е основано и во согласност со Законот за минимална плата, нагласи Бојчевски.

Можете да прочитате

ОЈО бара снимки за националистичките скандирања во Куманово

Мицкоски утре на поставување камен темелник на спортска сала во Воената академија

Нови пожари низ Македонија, гори кај Ваксинце, Богомила, Милетино и Церово