Утрински Весник
Спорт

Кавадарчани слават победа над Вардар

Screenshot 2024 02 24 220002.png
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Тиквеш вечерва приреди сензационален резултат во дуелот со поранешниот повеќекратен македонски и двократен европски ракометен првак Вардар, во натпревар од разигурвањето во домашниот шампионат, забележувајќи победа во Кавадарци (22:20). Вардарци го доживејаа вториот пораз во плеј-офот, после оној од Еурофарм Пелистер во Битола. Вардар во составот за оваа средба ги немаше Николиќ, Петриќ и Јасухира, а во текот на мечот се повреди и Јагуриновски, но тоа не го намалува успехот на кавадарчани. Првиот дел може да се каже дека беше изедначен, бидејки ниту една екипа во ниту еден момент немаше поголема предност од два, три гола. На полувреме домаќините заминаа со предност од 11:10. Во вториот дел евидентна беше доминантната игра на Тиквеш. Најефикасен ракометар во редовите на Тиквеш со седум погодоци беше Обина, а кај Вардар Ѓукиќ постигна шест погодоци.

Можете да прочитате

Роналдо не гласаше за најдобар играч на сезоната на ФИФА

Њујорк го победи Сан Антонио во финалето на НБА Купот

Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер