Утрински Весник
Спорт

Мојс: На крајот на сезоната ќе донесам одлука дали ќе останам во Вест Хем

20240224125650 Big 730x400 70 1.webp.webp

Тренерот на Вест Хем, Дејвид Мојс, зборуваше за преговорите за нов договор со клубот.

– Имав добри разговори со сопствениците на тимот. Понуден ми е нов договор, па зависи од мене. Ќе донесам одлука на крајот на сезоната, изјави Мојс за „Sky Sports“.

Мојс беше предводник на Вест Хем од ноември 2017 до мај 2018 година, по што доби отказ. Во декември 2019 година тој се врати во клубот. Актуелниот договор на 60-годишниот Шкотланѓанец е до крајот на јуни 2024 година.

Вест Хем е деветти во Премиер лигата со 36 бодови од 25 натпревари.

Можете да прочитате

Ливерпул на „мускули“ победи кај последно пласираниот Саутемптон

Силекс во Скопје го победи Шкупи, Работнички ја прекина низата без победа

Верстапен со Ред Бул ја освои својата четврта последователна светска титула во Формула 1