Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Најмалку 15 лица загинаа во пожар во зграда во источна Кина

Kina.png
Img 7972

Најмалку 15 лица загинаа, а 44 се повредени синоќа во пожар во станбена зграда во кинескиот град Нанџинг, јави ДПА, повикувајќи се на локалните власти.

Едно лице е во критична состојба, соопштија денеска властите.

Според информациите од прелиминарната истрага, пожарот избувнал вчера рано наутро на првиот кат од зградата, каде жителите ги полнеле електричните скутери. 

Службите за итни случаи евакуираа повеќе од 500 луѓе кои беа сместени во соседните домови.

Нанџинг, главниот град на провинцијата Џиангсу, има над осум милиони жители и се наоѓа на околу 270 километри западно од Шангај.

Во Кина често има пожари во станбени згради, а има и смртни случаи поради непочитување на безбедносните стандарди. На крајот на јануари, 39 лица загинаа во пожар во зграда во источната кинеска провинција Џиангкси.

Можете да прочитате

Неколку луѓе загинаа при експлозија во воена фабрика во САД

Трамп ја откажа средбата со Си

Втор силен земјотрес го погоди јужниот дел на Филипините откако првиот однесе пет животи