Судија од Њујорк му нареди на Доналд Трамп да плати повеќе од 454 милиони долари откако беше прогласен за виновен за фалсификување податоци за неговата финансиска состојба.
Одлуката е донесена по тужба за граѓанска измама против поранешниот претседател поднесена од државниот обвинител на Њујорк, објавија агенциите.
Сумата вклучува казна од 354,9 милиони долари, плус камата, што на 16 февруари судијата на државниот суд на Менхетен, Артур Енгорен, му ја изрече на Трамп по повеќе од три месеци судење.
Така, вкупната сума на казната на која беше осуден поранешниот претседател се зголеми за речиси 100 милиони долари. Информацијата синоќа ја објави државниот суд во Њујорк.
На 16 февруари, Трамп беше прогласен за виновен од судот во граѓански случај за измама при проценката на имотот на неговата компанија „Трамп Организејшн“ и му изрече парична казна од околу 355 милиони долари.
Покрај тоа, на републиканецот му беше забрането во период од три години „да работи како службеник или директор на која било корпорација на територијата на државата Њујорк и да аплицира за заеми од финансиски институции регистрирани во државата“.
Трамп најави дека ќе поднесе жалба на одлуката.