Утрински Весник
Македонија

Декември и јануари 2021 и 2022 имаше по 50.000 апликации за лични документи,а во 2023 во тие месеци имаше 170.000 апликации

Licni Dokumenti Pasosi.jpg

Во разговор за емисијата „10 минути со” на ТВ21, дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев ја објасни ситуацијата во моментот со целиот процес на вадење лични дкументи од поднесување на апликаци до издавање на патната исправа.

„Ако ги земеме статистичките податоци кои ги потенцирам изминативе денови, ние 2021 и 2022 месеците декември и јануари имаме некаде бројка околу 50.000 барања на луѓе за смена на некој личен документ. И тоа мислам дека тие бројки беа ниски заради таа политичка битка која се водеше на социјалните медиуми и телевизиите дека ќе се укине Преспанскиот договор. Тоа траеше до моментите кога и граѓаните увидоа и самите политичари признаа дека нема да го менуваат Преспанскиот договор, дојдовме до ситуација кога МВР овој декември и јануари прима над 170.000 апликации. Со тоа сакам да потврдам дека МВР е подготвено да прими и толкав број на апликации, да ги услужи граѓаните и во одреден момент да им ги издаде патните документи. И вчера како што знаете, добивме одредена пратка на обрасци и темпото на издавање продолжува со несмален интензитет.”, потенцираше Бојмацалиев.

На сугестија на новинарот дека МВР треба во секое време да биде подготвено со доволен број обрасци, без разлика дали граѓаните сите наеднаш решиле во последен момент да ги сменат личните документи, Бојмацалиев потврди дека МВР е подготвено да ги задоволи потребите на граѓаните.
„МВР и кога го правел планот, извадени се податоци дека има 1.803.000 кои поседуваат патна исправа и направила рамковна спогодба која ќе обезбеди некаде околу 2.000.000 обрасци. Со последната тура од 145.000 од синоќа и тие што ги чекаме за некој ден 85.000 ќе имаме вкупно досега стигнати 1.700.000 обрасци. Тоа ќе ја покрие целата потреба од обрасци во овој период. МВР планирало и имало точно правец и динамика во која се движи. И били подготвено за сите сценарија и кога имало 20.000 и кога има 2.000 и кога има 170.000 апликации.”, истакна Бојмацалиев.

Можете да прочитате

Заплена на нелегални дрва, приведен и вработен од „Македонски шуми“

Што може да донесе утрешниот Конгрес на СДСМ?

Во Битола санирани проблемите од вчерашното невреме