Утрински Весник
Македонија

Средба на претседателот Пендаровски со ректорката на УКИМ проф. д-р Билјана Ангелова

Foto 1 1.jpg

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими ректорката на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј” во Скопје проф. д-р Билјана Ангелова и проректорот за финансии, инвестиции и развој проф. д-р Лазо Пендовски.

На средбата претседателот Пендаровски беше информиран за тековните активности и предизвици со кои се соочува УКИМ.

Во таа насока претседателот беше запознаен со реализацијата на Колективниот договор на УКИМ, којшто е потпишан со Собранието на Република Северна Македонија како основач на овој универзитет, како и за проблемите во финансирањето на научно-истражувачката дејност и капиталните инвестиции од страна на државата за УКИМ.

Претседателот Пендаровски даде поддршка на напорите на раководството и синдикатот на УКИМ за целосна реализација на потпишаниот Колективен договор во соработка со Владата и надлежните министерства. Претседателот Пендаровски посочи на значењето и важноста од квалитетно високо образование и истакна дека државата мора континуирано да ја поддржува научно-истражувачката дејност и развојот на универзитетите.

Можете да прочитате

Миноски: Нулта толеранција за корупција и крај на партизацијата – време е за нов систем

Скопскиот аеродром меѓу најбрзорастечките во Европа, минатиот месец бележи раст на патничкиот сообраќај од 34,8 отсто

МОН објави резултати од Конкурсот за сместување бруцоши во студентски домови во академската 2026-2027