Утрински Весник
Свет

Борел ги повика земјите-членки на ЕУ да испратат повеќе муниција во Украина

1707302824 unnamed file.webp.webp

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел ги повика земјите-членки на Европска Унија повеќе да направат за снабдување со муниција на Украина.

– Украинските војници се решени да се борат, но им треба муниција. Итно и во огромни количини, се наведува во писмото на Борел, што вчера беше испратено до министрите за надворешни работи и за одбрана на ЕУ.

Тој додаде дека „пролонгирањето на испораката на муниција чини животи и ги ослабуваат одбранбените способности на Украина“.

Борел истакна дека земјите од ЕУ можат да и помогнат на Украина од нивните резерви, со нови нарачки од европските производители, набавка на муниција и финансирање на украинската индустрија.

Можете да прочитате

Путин оди во дводневна посета на Кина

САД се закануваат со воена интервенција поради блокадата на Ормускиот теснец

Масовен руски напад со беспилотни летала: Украина собори 269 од 294 авиони