Утрински Весник
Спорт

Ѓоковиќ: Кога младите ќе почнат да ме победуваат, тогаш можеби ќе размислам за пензија

D193d0bed0bad0bed0b2d0b8d19c D181d0b5 D0b8d0b7d180d0b0d0bcd0bdd0b8 D181d0be D0bbd0b5d0bdd0b4d0bb D0bfd0be D0b1d180d0bed198d0bed182 D0bd 63dc2bac1a9c9.jpeg

Американскиот магазин „Спортс Илустрејтед“ направи сторија за српскиот тенисер, Новак Ѓоковиќ и на насловната страница напиша „дека дебатата за „Најдобриот на сите времиња“ е завршена“.

Ѓоковиќ изјави дека минатогодишниот пораз во финалето на „Вимблдон“ од Шпанецот Карлос Алкараз го мотивирал на американската турнеја. Србинот потоа ги освои Мастерсот во Синсинати и ЈуЕс Опен.

-Толку ме налути што морав да дојдам и да ги победам сите во Америка, рече Ѓоковиќ.

Американскиот магазин наведува дека српскиот тенисер често бил во сенка на Роџер Федерер и Рафаел Надал, но со текот на времето добивал се поголемо внимание и љубов од фановите. Федерер се повлече од тенисот во 2022 година, додека Надал паузираше речиси една година поради повреда.

-Можеби тоа е затоа што Роџер и Рафа не се таму. Чувствувам дека добивам повеќе љубов од публиката, тоа навистина го ценам и почитувам. Поголемиот дел од мојата кариера играв во непријателска средина, но научив како да се подобрувам. Луѓето мислат дека всушност е подобро за мене ако фановите не ме сакаат. Тоа го вади најдоброто во мојот тенис, смета тенисерот.

Ѓоковиќ одговори и на прашањето кога ќе ја заврши кариерата.

– Можеби ќе се приближи моментот кога ќе престанам да победувам на Гренд слем турнирите и кога нема да можам да бидам меѓу главните претенденти за големите титули. Кога младите момци ќе почнат да ме победуваат, тогаш веројатно ќе почнам да размислувам и да се прашувам дали да продолжам понатаму. Сепак, засега се е во ред, заврши Ѓоковиќ.

Најдобриот светски тенисер во моментов се подготвува за Мастерсот во Индијан Велс кој е закажан од 6 до 17 март.

Можете да прочитате

Рутинска победа на Реал кај Леганес

Дебакл на Хрватска во БиХ, Хрватите ќе останат без место на ЕП

Повредата на Димитријевиќ не е сериозна: Беше само силен грч , се ќе биде во ред набрзо