Утрински Весник
Свет

ММФ и Украина постигнаа начелен договор за исплата на 880 милиони долари

20240223073847 Big 730x400 5.webp.webp

Официјални лица од Меѓународниот монетарен фонд и украинската влада вчера постигнаа договор на ниво на персонал за ажурирани економски политики, отворајќи го патот за ослободување на околу 880 милиони долари штом ќе биде одобрено од извршниот одбор на ММФ, соопшти Фондот. 

Договорот дојде по шестдневни состаноци меѓу украинските официјални претставници и персоналот на ММФ во Варшава, Полска, како дел од третиот преглед на 4-годишниот договор на Украина за ЕФФ (Extended Fund Facility) аранжманот со ММФ.

Состаноците беа посветени на третиот преглед на 4-годишната програма за финансирање на Украина од ММФ, која е вредна 15,6 милијарди долари.

ММФ посочи дека Украина напредува во рамките на програмата и дека Киев ги исполнил сите структурни барања во рамки на ревизијата, пропуштајќи само еден квантитативен репер. Фондот, исто така, соопшти дека украинската економија покажа силен раст, опаѓање на инфлацијата и зголемување на резервите минатата година. Во исто време, сепак, ММФ вели дека изгледите за оваа година се прилично мрачни, со оглед на тековната војна со Русија.

Можете да прочитате

Драма на аеродромот во Анталија, авион се запали – евакуирани 79 патници

Сибиха бара партнерите да и обезбедат на Украина системи за пресретнување на ракетите Орешник

Будистички манастир под истрага: 41 тело откриено во Тајланд