Утрински Весник
Македонија

Одложена седницата на собраниската Комисија за економски прашања за законите за стратешки проекти во енергетиката

Screenshot 2024 02 22 135143.png
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

 Собраниската Комисија за економски прашања, на чиј дневен ред беа предлозите на законите за реализација на стратешките инвестициони проекти во енергетиката по скратена постапка, е одложена.

На календарот на собраниската веб страница, иако првично беше најавена, тргната е седницата на Комисијата за економски прашања на која како точки на дневен ред беа предлозите на законите за реализација на стратешките инвестициони проекти „Соларен парк Стипион“, Соларна електрична централа – Пехчево, АИМ ГРЕЕН ТЕЦХи  МИТИЛИНЕОС когенеративна постројка Скопје, сите по скратена постапка.

Во Собранието денеска, како што е најавено, седници ќе одржат комисиите за политички систем и односи меѓу заедниците и за локална самоуправа, а две седници ќе одржи и Законодавно правната комисија.

На дневен ред на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците е Предлогот на закон за конфискација на имот во граѓанска постапка, по скратена постапка, а Комисијата за локална самоуправа ќе ја проследи презентацијата на извештаите од оценката на спроведувањето на Законот за локалната самоуправа и Законот за Градот Скопје.

Можете да прочитате

Поради недостиг на мазут, ЕСМ бара прогласување кризна состојба со струјата

Стојаноски: Измените на Кривичниот законик се преодно решение за да се спречи амнестија на криминал во над 200 предмети

Претседателот на Собранието Гаши прими делегација предводена од претседателот на ТИКА Ерен