Утрински Весник
Балкан

Пчелари од цела Грција протестираат против нелојалната конкуренција во центарот на Атина

Beekeepers Protest Intime 960x600 1.jpg

Пчелари од цела Грција денеска се собраа во центарот на Атина за да протестираат поради проблемите со кои се соочуваат, вклучително високите трошоци за производство и нелојалната конкуренција од увозниот мед, кој е означен како грчки.

Малку по девет часот утринава полицијата го затвори за сообраќај центарот на Атина, додека демонстрантите пристигнаа на плоштадот Синтагма, некои со камиони, пренесува Катимерини.

Претседателот на Здружението на професионални пчелари, Јоргос Сентентес, за државната телевизија ЕРТ изјави дека производителите бараат владата да престане со нелојалната конкуренција предизвикана од продажбата на увезениот мед како грчки по екстремно ниски цени.

Можете да прочитате

Голем протест на пензионерите во Атина

Притвор е побаран за сите уапсени поради трагедијата во Нови Сад, меѓу нив и поранешен министер

Почина Драган Марковиќ Палма – 24info.mk