Утрински Весник
Македонија

Ковачевски и Спасовски ќе добиваат апанажа од по 2.500 евра во наредните 12 месеци

Screenshot 2024 02 22 130832.png
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Комисијата за избори и именување во Собранието ги прифати барањата на поранешниот премиер Димитар Ковачевски и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски да добиваат апанажа во период од една година. Тоа значи дека двајцата во наредните 12 месеци ќе ја добиваат истата плата како и додека ги извршуваа функциите – по 2.500 евра месечно. Надоместокот, согласно Законот е во висина на платата што именуваното лице ја добивало додека било на функцијата, па така, Ковачевски ќе зема 156.482 денари, а Спасовски 153.037 денари. Ковачевски побарал и добил право на користење службено возило, во согласност со Законот за возила. Освен експремиерот и поранешниот министер за внатрешни работи, апанажа побарале и ќе добиваат и Весна Бендевска и Исмаљ Камбери од Комисијата за заштита од дискриминација.

Можете да прочитате

Железницата повторно во нормала – 24info.mk

Утре променливо облачно со дожд и снег на планините

Патничко возило падна во реката Радика кај Бигорскиот манастир