Утрински Весник
Економија

Просечната нето плата достигна речиси 40.000 денари!

Statistika.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во декември 2023 година, во однос на декември 2022 година, изнесува 116.4. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (27.5 %), Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (27.1 %) и Градежништво (21.8 %). Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Градежништво (9.7 %), Уметност, забава и рекреација (9.0 %) и Рударство и вадење на камен (8.6 %). Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во декември 2023 година, изнесува 39 998 денари.

Можете да прочитате

Состанок со „АКСА“ на 12 јануари и камен-темелник на есен за инвестицијата од една милијарда евра во гасификација, најавува Мицкоски

Мицкоски: Со линеарното зголемување на пензиите се намалува и стапката на сиромаштија, заклучно со април 2026 нема да има пензија под 15 илјади денари

Идната недела анализа дали имало девијантно однесување на трговците и зголемени цени пред празниците