Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Црвена звезда сака да го врати Калиниќ од Барселона во Белград

Screenshot 2024 02 22 123942.png
300x250 opst2

Претседателот на српскиот кошаркарски гигант Црвена ѕвезда, Небојша Човиќ ги истакна своите приоритети за летниот преоден рок. – Треба да го засилиме составот. Мора да составиме список. Можам да кажам дека сме многу заинтересирани за Никола Калиниќ. Работиме на неговото враќање. Не го продадовме Калиниќ, тој си замина така. Имаше договор по шемата „1+1“, а ние му доцневме 4 од 5 плати. Човекот чекаше, му ветивме, но не го одржавме ветувањето. И тој се пресели во Барселона. Работиме на неговиот трансфер, се разбира, нема да го киднапираме, го препознаваме фактот дека е играч на Барселона, изјави Човиќ.

Договорот на Калиниќ истекува по завршувањето на тековната 2023/24 сезона. По 26 кола во Евролигата, Црвена звезда е во долниот дел на табелата, на 16.место со 10 победи и 16 порази. 

Можете да прочитате

Шеста светска клупска титула за ракометарите на Барселона

Федерер, Дел Потро и Кузнецова номинирани за влез во тениската Куќа на славни

Синер го победи Тинг во два сета во финалето во Пекинг