Утрински Весник
Спорт

Клоп не го смета Ливерпул за фаворит за финалето на Лига купот против Челзи

Klop.png
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, по победата над Лутон (4:1) во 26. коло од Премиер лигата ја отфрли фаворитската улога за финалето на Лига купот со Челзи.

Германскиот фудбалски стручњак се уште не знае кој од повредените играчи ќе има време да закрепне навреме за финалето.

– Дали некој ќе се опорави за финалето? Не, сè уште ништо не знаеме. Ќе треба да гледаме пред натпреварот, но реков претходно, додека имаме 11 здрави играчи, ќе излеземе и ќе играме. Ќе бидеме ли фаворити? Дефинитивно не. Овој тим се подобри многу откако последен пат игравме со Челзи и нашиот натпревар нема да биде лесен, изјави Клоп за „Би-би-си“.

Натпреварот помеѓу Челзи и Ливерпул ќе се одигра во недела на 25 февруари.

Можете да прочитате

Ѓоковиќ: Целта ми е настап на ЛОИ 2028

Џошуа повреден во сообраќајна несреќа со смртни последици

Вардар предложи јужната трибина да го носи името Васил Рингов