Утрински Весник
Македонија

БУРА ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ ЌЕ ГО ПОГОДИ РЕГИОНОТ: На удар се Црна Гора, Босна и Херцеговина и Албанија!

Xx model en 359 0 modez 2024022100 126 944 157 660x330 1.png

Времето во регионот полека ќе започне да се влошува, и тоа поради влијанието на длабокиот циклонски систем кој слободно може да се нарече ураган и кој е со центар над северозападна Европа.

Веќе од утре во Црна Гора, Босна  и Херцеговина а потоа и во соседна Албанија ќе започнат врнежи од дожд и ќе бидат многу обилни особено за време на викендот, кога на планините ќе врне снег и локално се очекува формирање на снежна покривка од над 30 сантиметри.

Во овие три држави локално ќе наврне големо количество на врнежи (а можно е дури да наврне и месечно количество на дожд за два дена,  па и повеќе од тоа) локално над 100/150 литри дожд на метар квадратен, што е премногу за релативно краток период, па токму поради ова можни се и локални поплавувања.

Сето ова ќе биде проследено и со олуен јужен и југозападен ветер со удари понекаде  и од над 85 км/час.

Овој циклон овој викенд ќе влијае на времето и во Македонија, со што ќе има повремени врнежи од дожд, проследени со засилен јужен и југоисточен ветер. Сепак кај нас не постојат услови за поплавувања, но ќе ја почувствуваме поголемата промена на времето која ј најавивме.

Што се однесува до температури тие  и понатаму кај нас остануваат натпросечно високи.

Можете да прочитате

Кучето кое беше влечено со возило од лице од Крива Паланка згрижено во ЈП „Лајка“

4,8 тони кокаин пронајдени во водите на Мартиник – уапсени членови на Балканскиот картел, поврзани со убиството на Србин и Македонец во Боливија

Support Kocani ја обезбеди третата донација на компресивна облека во износ од над два милиони денари за повредените од пожарот во Кочани