Утрински Весник
Свет

Неуспешно тестирање на британскиот нуклеарен ракетен систем „Тридент“

20240221110303 Big 730x400 38.webp.webp

Британскиот тест на нуклеарниот ракетен систем „Тридент“ минатиот месец не успеа бидејќи проектилот паднал во морето во близина на подморницата што ја испукала, објави денеска „Сан“.

Како што пишува весникот, потиснувачите на проектилот, опремени со лажни боеви глави, не се запалиле при тестирањето на 30 јануари кај брегот на Флорида и проектилот паднал во морето.

Министерството за одбрана кусо соопшти дека имало аномалија при тестирањето и дека поради проблеми со националната безбедност не може да соопшти повеќе детали.

-Поради прашања од националната безбедност не можеме да дадеме дополнителни информации за ова. Сепак, убедени сме дека аномалијата е специфичен настан и затоа нема никакви импликации во однос на доверливоста на пошироките ракетни системи и залихи „Тридент“, се наведува во соопштението.

Можете да прочитате

Боксерскиот тренер на Самоа почина во Олимпиското село во Париз

Холанѓанец осуден за силување дете доби дозвола да се натпреварува на Олимпијадата

Бројот на загинати Палестинци во денешниот израелски воздушен напад за искачи на најмалку 30