Утрински Весник
Спорт

Алкараз го предаде мечот против Монтеиро по само два гема

Large 4.webp.webp

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз го заврши АТП 500 турнирот во Рио де Жанеиро по само два одиграни гема.

На натпреварот од првото коло со Бразилецот Тиаго Монтеиро, Алкараз во првиот гем ја повреди ногата. Шпанецот направи лекарска пауза и по тоа одигра само два натпревара, а потоа се повлече.

– Ќе го прегледам зглобот и ќе видиме дали е нешто сериозно или не. Се чувствував лошо. Ова е првиот впечаток. Чувствував болка и знаев дека ќе ми биде тешко да продолжам да играм. Не можев да се движам нормално и знаев дека ќе биде невозможно да продолжам. Мислев дека ќе биде уште полошо ако се одлучев да продолжам и ако натпреварот беше долг. Мислам дека правилно постапив што го предадов мечот, изјави Алкараз.

Во следното коло на турнирот, Монтеиро ќе се сретне со сонародникот Фелипе Мелигени Родригез Алвеш. 

Можете да прочитате

И второто злато на ОИ 2024 за Кина

Ѓуретановиќ не го исплива неговото најдобро време на Олимпијадата во Париз

Кинеската стрелачка репрезентација го освои првиот златен медал на Олимпијадата 2024