Утрински Весник
Свет

Хамас ги добиле лековите за заложниците во Газа

Gaza 3 1.jpg

Хамас потврди дека ги добил лековите и почнал да ги доставува до заложниците во Газа, соопшти денеска катарското Министерство за надворешни работи. Катар и Франција посредуваа во договорот меѓу Израел и Хамас во јануари за итна испорака на медицински материјали за заложниците кои ги држеше Хамас во Газа. За возврат треба да се достави хуманитарна и медицинска помош до цивилите во таа палестинска енклава, пренесува Ројтерс. -Катар ги доби овие сертификати како посредник во договорот кој вклучува испорака на лекови и испорака на хуманитарна помош за цивилите во Појасот Газа, особено во најзагрозените и најоштетените области, во замена за испорака на лекови кои се неопходни за заложниците во Газа“, изјави портпаролот на катарското Министерство, Маџет Ал Ансари.

Можете да прочитате

Масовни протести во Франција, запален и еден полицаец

Пукање во Калифорнија, едно лица загинато, шест повредени

Трамп: Глупави луѓе инсистираат на нови санкции против Русија