Утрински Весник
Македонија

MИОА: Подигнување на нивото на знаење од областа на сајбер безбедноста

Bajrami.webp.webp

Во рамки на проектот „Добро владеење во областа на сајбер безбедноста во Западен Балкан“, министерот за информатичко општество и администрација Наим Бајрами се обрати на почетокот на настанот за обука наменета за државните и јавните службеници во Македонија. Настанот е во организација на МИОА, заедно со DCAF – Женевски центар за управување со безбедносниот сектор.

Посакувајќи им на присутните успешна работа, министерот Бајрами ја истакна важноста на ваквите обуки за зајакнување на националните капацитети за справување со сајбер заканите и подобрување на сајбер безбедноста, кои се приоритет за Македонија.

,,Секоја обука се состои од неколку теми кои се креирани за одредена целна група и се насочени кон подигнување на нивото на знаење од областа на сајбер безбедноста и соодветно на тоа, подигање на нивото на сајбер безбедност во институцијата“, рече министерот Бајрами, истакнувајќи дека меѓу стратешките цели се: Изградба на сајбер отпорна ИКТ инфраструктура, идентификување и имплементирање на соодветни решенија со цел заштита на националните интереси, Промовирање на култура за сајбер безбедност со цел подигнување на јавната свест и разбирање за сајбер заканите, како и градење и унапредување на потребните национални капацитети за заштита, како и намалување на потенцијалните ризици во сајбер просторот.

Меѓу темите за обука беа: Пејзаж за сајбер безбедност на Балканот: Преглед на 2023 година и предвидувања за 2024 година, Улогата на ИТ персоналот од јавниот сектор во управувањето со сајбер безбедноста, Сајбер кризи и одговор на инциденти и нагласување на мерките за заштита, соопштуваат од МИОА.

Можете да прочитате

Николова: Мицкоски без грам совест и одговорност потроши 20.000 евра на повратни билети за САД

Скопјанец удрил лице кое управувало тротинет

Тројца мажи физички нападнале 30-годишник во Чаир