Утрински Весник
Свет

Борел: Путин ќе мора да одговара за смртта на Навални

Borel Beta 1024x686 1.jpg

Рускиот претседател Владимир Путин „ќе мора да одговара“ за смртта на опозицискиот лидер Алексеј Навални, изјави денеска во Брисел високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност Хосеп Борел, по средбата со вдовицата на Навални.

-На Јулија Навални и изразивме најдлабоко сочувство на ЕУ. Владимир Путин и неговиот режим ќе треба да одговараат за смртта на Алексеј Навални – изјави Борел по средбата со вдовицата, која се обрати на состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ во Брисел.

Но, „како што рече Јулија, Русија не е Путин, а Путин не е Русија“, рече Борел.

Министрите станаа и и дадоа долг аплауз на вдовицата на противникот од Кремљ на крајот од нејзиниот краток говор, додаде Борел.

Според дипломатски извори, Јулија Навални им ја потврдила на министрите својата посветеност за продолжување на борбата против режимот што доведе до смрт на нејзиниот сопруг.

-Алексеј Навални беше херој, а тој умре како херој – рече таа и побара ЕУ со казнени мерки да ја таргетира околината на Владимир Путин и „корумпираните олигарси“ кои го поддржуваат.

Можете да прочитате

Биткоинот достигна рекордни 98.000 долари

Руте итно заминува кај Трамп

Бебето кое исчезна од породилиштето во Виена е пронајдено мртво во корпа за ѓубре