Утрински Весник
Македонија

Југоисточниот регион во С. Македонија најнеразвиен во цела Европа

Picture 1045 660x500 1.jpg

 Петте најнеразвиените региони во Европа според Индексот на човечки развој се на Балкан, додека Југоисточниот регион на С. Македонија (0,722) е најнеразвиената област во цела Европа. Најразвиените области на Европа се наоѓаат во западната половина на континентот, каде највисок индекс има Цирих (0,989). Индексот за човечки развој е композитен индекс на Канцеларијата за извештаи за човечки развој на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и се користи за мерење на развојот на една земја, врз основа на показателите за очекуваниот животен век, образованието и приходот по глава на жител. Овој индекс најчесто се пресметува на национално ниво, а Глобалната лабораторија за податоци на холандскиот Универзитетот Нијмеген Радбауд го пресметала на ниво на региони по држави за 2021 година, пренесува Ландгејст. Врз основа на Индексот за човечки развој, Европа е најразвиениот континент во светот, при што сите региони имаат или висок или многу висок индекс. По Југоисточниот регион на земјава, втор најнеразвиен регион од Европа се наоѓа во Бугарија – Северозападен регион со 0.739, по што следат Централен регион (Молдавија) и Североисточниот регион (Северна Македонија) со по 0. 742  и Гљилане (Косово) со индекс 0. 743. И покрај ваквата позиција во Европа, овие региони имаат висока оценка, особено во споредба со остатокот од светот.  Најразвиените области на Европа се наоѓаат во Швајцарија – Цирих (0.989), Норвешка – Осло (0. 990), Велика Британија – Лондон (0. 973), Германија – Хамбург (0. 972) и Шведска – Стокхолм (0. 972).

Можете да прочитате

Минчев: Имаме преголема и пребавна јавна администрација, работиме на нејзино кратење

Кичево – Охрид ќе биде завршен до крајот на 2026 година, ветува Николоски

ВО МАКЕДОНИЈА ДОАЃА ГОЛЕМ ВЛАЖЕН И ЛАДЕН ЦИКЛОН: Ќе донесе многу дожд, снег и снежна покривка од над 40 сантиметри!