Утрински Весник
Економија

Бимилк спроведува сеопфатна енергетска трансформација

Dscf0870.jpeg

Фотоволтаичната централа за создавање обновлива енергија, eнергетските постројки за користење природен гас како гориво, како и имплементација на стандардот ISO50001 наменет за менаџирање со енергија, се чекорите што ги презеде Бимилк за постигнување целосна енергетска трансформација. Напредокот и примената на активностите за заштита на животната средина во процесот на работа во Бимилк, беа предмет на посетата од учесниците на New Energy Academy на Европската климатска фондација (European Climate Foundation) заедно со Центарот за истражување и информирање за животната средина Еко-свест, при што беа презентирани инвестициите со кои Бимилк го трансформираше начинот на работа.

„Бимилк направи крупни чекори во енергетската трансформација во изминатиот период. Во период на економска и енергетска неизвесност, влеговме во инвестирање во енергетски системи кои освен што ни го рационализираат работењето и нѐ прават енергетски независни, се одржливи и развојни и повлекуваат долгорочно дејствување во истата насока. Ваквите промени се значајни за иднината на компанијата и се вложување во сигурна оперативност, но многу поголемо е влијанието врз животната средина. Оваа енергетска трансформација значи заштита на градот и животната средина што е од голем јавен интерес, а со тоа и дел од нашата развојна стратегија“, изјави Ѓорѓи Петрушев, генерален директор на Битолска млекара.

Во примената на енергетската трансформација, Битолска млекара направи комплетна адаптација на енергетските постројки за користење на природен гас како гориво односно како подготовка за наредниот период, во производниот процес. Исто така, на покривот на компанијата инсталирани се 2360 фотоволтаични панели со моќност 992kWp кои ќе обезбедуваат 1361MWh сончева енергија. А со имплементација на стандардот ISO50001 – системот за менаџирање со енергија, обезбеди најрационално искористување на енергенсите.

Организаторите на „Новата академија за енергија“ (New Energy Academy) во соработка со Еко-свест одлучија да ја посетат Млекара АД Битола поради прогресивниот пристап на компанијата кон енергетска трансформација.

„Бимилк покажа дека е компанија која дава пример за практично применета енергетска трансформација во бизнис секторот. Вакви примери се важни за целата држава, но особено за регионите со јаглен како Битолскиот. Преминот кон обновливи извори, заштедата на електрична енергија и рационалната употреба на ресурсите се само некои аспект на одговорното однесување на компаниите. Влијанието и подигнувањето на јавната свест со поставување пример е другиот, исто толку важен аспект, што денес го видовме тука, истакна Жарко Конески, раководител на програмата Енергија од Еко-свест.

Можете да прочитате

Битиќи: ВМРО-ДПМНЕ одби амандман за набавка на еколошки автобуси

Стојаноски: Владата предводена од ВМРО ДПМНЕ постигна историски договор со најниска каматна стапка за стопанството

Денови на финансиска писменост – 24info.mk