Утрински Весник
Македонија

УШТЕ ЕДНА НЕВООБИЧАЕНО ТОПЛА НЕДЕЛА ЗА ФЕВРУАРИ ПРЕД НАС: Температурите повторно ќе се искачат близу 20 степени!

2mtemp Anom 20240219 00 108 1050x525 1.jpg

Метео анализа на Славчо Поповски:

И во текот на оваа недела продолжува натпросечното топло време во Македонија, но и пошироко во регионот. Меѓутоа повремено ќе има нешто повеќе облачност, а повремено ќе има услови и за сосема слаб локален дожд, особено утре.

Ветерот ќе биде сосема слаб и од променлив правец, но одсега гледано, за време на следниот викенд ќе започне да засилува ветерот од јужен правец.

Во Скопје и околината ќе имаме слично време како и во останатите места од Македонија.

Што се однесува до температурите на воздухот, тие наутро на повеќе места ќе се спуштаат до околу, или за некој степен под нулата. Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 7 и 14 степени, додека кон крајот на работната недела, и за време на следниот викенд тие во најтоплите централни и југоисточни предели ќе надминуваат 15 степени.

Снегот сеуште го оставаме на чекање.

Уште една натпросечно топла седмица пред нас, со невообичаено високи температури на воздухот за февруари месесц, сепак за време на следниот викенд длабок циклон со центар над северозападна Европа ќе услови промена на времето кај нас и најверојатно врнежи претежно од дожд, а снег само на високите планини, исто така следниот викенд ќе бидеме под влијание на ново јужно воздушно стурење, со што ќе дува и засилен ветер од јужен правец (повеќе детали околу ова во следните објави).

Можете да прочитате

Ана Котевска освои златна медала на интеранационалната Олимпијада по германски јазик

Влен почнува со формирање на Академија на Албанците за Наука и Уметност

ВМРО ДПМНЕ: Кога следен пат од СДС ќе зборат за наводни криминалци прво нека си заметат во својот двор