Утрински Весник
Uncategorized

Градоначалникот на Ѓорче Петров повикува на јавна дебата за новиот ДУП, поранешен советник му порача да одбере време и место

ЃорчеПетровспоменик
По носењето на контроверзниот Детален урбанистички план за централното подрачје на Ѓорче Петров, градоначалникот Александар Стојковски се огласи на социјалните мрежи објаснувајќи го целиот план, но и додавајќи дека секој што сака да дебатира за планот, да дојде на јавна дебата директно пред граѓаните „Од овој момент натаму секој кој што ќе сака да добива ситни политички поени на овој начин ќе го повикам да ја водиме дебатата директно пред граѓаните на населбата Александрија наместо во удобните општински простории, па на лице место да ги соочиме аргументите. Промените се започнати и нема да запрат“ порача Стојковски на Фејсбук. За кратко време во коментар на објавата за јавна дебата пред граѓаните се пријави поранешниот советник во Советот на општина Ѓорче Петров, Горан Симоновски. „Градоначалник, еве што нема во твојата објава а е многу важно за нас граѓаните на општина Ѓорче Петров. ДУП-от предвидува 40 тина згради во висина до 65 метри 20 катиница, 17катница, четири 14 катници, две 12катници, шест 9 катници, седум 7катници, и уште десетина помали згради. Јас како бивш советник сум спремен да се соочиме на дебата пред граѓаните на Александрија. Одберете време и место за граѓаните на Ѓорче Петров ја дознаат вистината во врска со ДУПот“ му порача Симоновски. До овој момент, градоначалникот Стојкоски нема одговорено дали ќе ја прифати оваа покана.

Можете да прочитате

Советник во Советот на Ѓорче Петров до Стојкоски: Не се криј зад лагите, дојди и соочи се со граѓаните за спорниот ДУП

utrinskilogin

Вучиќ: Просечната плата во Србија идната година ќе надмине 1.000 евра

Ljuljeta

Поради паркинг место маж и се заканувал на жена во „Ѓорче Петров“

Jana