Утрински Весник
Македонија

Мaкедонија има недостаток на овчари: Се нуди плата од 1000 евра платено сместување, храна

Img 2600.jpeg

Плата од 1.000 евра, платено сместување, храна, а не ви треба никакво образование. И покрај ваквите услови кои ги нудат сточарите има голем недостаток на овчари. Во последните децении овој проблем е доста актуелен, а и покрај апелите на сточарите нлежните немаат слух за негово решавање. Никој не сака да чува овци, бидејќи се работи за одговорна и неатрактивна работа. Бројот на овчари секоја година се намалува, бидејќи младите се иселуваат и не сакаат да чуваат овци.

-И покрај тоа што платите се добри и изнесуваат и над 1.000 евра ако се земе во предвид дека овчарите имаат платено сместување, храна, цигари, дури и платен интернет, сепак работници нема. Ние апелиравме до Министерството за земјоделство оние лица кои бараат социјална помош да дојдат да работат како овчари, односно шест месеци да примаат социјална помош и да дојдат на обука. Откако ќе се обучат ние ќе ги вработиме. Но овој наш предлог остана само на хартија. Се надеваме дека со новата Влада ќе се реши и ова прашање, изјави за весникот ВЕЧЕР, Митко Јанков претседател на „Агроцентар„.

Според него работата не е многу тешка, но проблем е што овчарите постојано треба да бидат со овците. Работат по 14 часа на ден, немаат годишен одмор, празници. Од друга страна тие мора да се справуваат со разни предизвици, како неповолни временски услови, напади од диви животни, болести…

-Работата не е толку тешка колку што е досадна. Овчарите постојано треба да бидат сами со овците кој секој ден ги носат на испаша. Кај нас малку се потценува овчарството, но се работи за достоинствена работа. Ние со гордост ја работиме и не се срамиме од тоа да не нарекуваат овчари. За оваа работа не е потребно никакво образование, а можат да бидат дури и неписмени, вели Јанков.

Можете да прочитате

УХМР: Од петок студен бран во Македонија – се очекуваат поројни дождови

Уште еден земјотрес ја стресе Македонија

Исчезната е Владанка Спиковска од Скопје – доколку некој ја види веднаш пријавете