Утрински Весник
Свет

Фон дер Лајен: Сакаме Западниот Балкан и Украина да влезат во ЕУ, веќе не може да има сиви зони во Европа

20240217131907 big 730x400 91.webp.webp

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денеска изјави дека Европската унија сака Западниот Балкан и Украина „да влезат во европското семејство, бидејќи припаѓаат на европското семејство“.

„Европа е изградена на демократски вредности и претставува мировен проект кој е единствен во светот“. И тоа е она кон што целат Путин и другите автократи. И овде луѓето разбираат дека тоа ќе влијае на нивните животи“, рече Фон дер Лајен на панелот на Конференцијата за безбедност во Минхен.

Според неа, процесот на пристапување во Европската унија, кој во моментов постои, е исклучително важен чекор и веќе „не може да има сиви зони“ во Европа.

Можете да прочитате

Русија и Украина разменија нови напади со дронови, најмалку по петмина загинати на двете страни

Околу 5.000 затвореници ќе бидат предвремено ослободени од британските затвори

Брод со околу 160 мигранти се запали во Ламанш