Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Портпаролката на Навални ја потврди неговата смрт, телото е кај истражители

Navalni 1.jpg
300x250 opst2

Портпаролката на рускиот опозициски политичар, Алексеј Навални, ја потврди неговата смрт.

Како што јавува „Би-Би-Си“, Навални починал на 16 февруари во 14 часот и 17 минути по локално време, се вели во документот што и бил предаден на мајката на Навални, Људмила.

Неговото тело е кај истражителите.

Портпаролката на Алексеј Навални, Кира Џармиш, побара телото на Навални веднаш да му биде предадено на семејството, по официјалната потврда за неговата смрт.

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш повика на целосна и транспарентна истрага за смртта на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, изјави портпаролот на ОН Стефан Дизарик на денешниот брифинг со новинарите.

„Генералниот секретар на ОН е шокиран од веста за смртта на опозиционерот Алексеј Навални во руски затвор. Генералниот секретар изразува сочувство до семејството на господинот Навални и повикува на целосна, веродостојна и транспарентна истрага за околностите на неговата смрт“, рече Дизарик, пренесува ТАСС.

На 16 февруари Федералниот оддел за поправни служби на автономниот округ Јамало-Ненец ја објави смртта на Алексеј Навални (47) во казнената колонија каде што ја издржуваше казната.

Според ова одделение, Навални по прошетката се чувствувал лошо и се онесвестил, медицинските службеници веднаш притрчале да му помогнат на осуденикот и почнале со реанимацијата, која траела повеќе од половина час.

Можете да прочитате

Израел и Хамас се договорија за првата фаза од мировниот план на Трамп за Газа

Откриена е заборавената насловна страница на „Плејбој“ од 1990 година со Доналд Трамп

Нобеловата награда за хемија ја добија Китагава, Робсон и Омар М. Јаги