Утрински Весник
Спорт

Ново откритие – Хорнер испраќал пораки со сексуална конотација

Horner Zandvoort 2022.jpg

Шефот на тимот на Ред Бул, Кристијан Хорнер, е под истрага бидејќи на колешка долг период испраќал пораки со сексуална конотација, пренесува холандски „Де Телеграф“.

Весникот беше првиот што објави дека Хорнер бил обвинет за недолично однесување, а сега новинарите имале пристап до пораките што Хорнер ги испраќал.

Поради тие обвинувања, Хорнер е под тимаска истрага, а во четвртокот вечерта за прв пат ја коментираше ситуацијата на презентацијата на новиот болид на австрискиот тим, посочувајќи дека тоа е „одвлекување на вниманието за сите во Ред Бул“. Тој исто така ги отфрли сите обвинувања.

„Де Телеграф“ пренесува дека челниците на преостанатите тимови во Формула 1, како и челниците на Формула 1, се информирани за природата на обвинувањата против Хорнер.

Адвокатот на вработената во Ред Бул, која го обвини Хорнер за недолично однесување, рекол дека има копии од сите пораки. Пораките ги проследил до истражителот задолжен за случајот.

Истите извори пренесуваат дека Хорнер ја има поддршката од сосптвеникот на Ред Бул и дека тоа е причината што се уште не е сменет од функцијата.. Од друга страна, се чини дека ситуацијата не е иста кај сопствениците на Формула 1, во Либерти Медиа, како и спонзорите на тимот Оракл и Форд.

Хорнер е на чело на Ред Бул од влегувањето на компанијата во Формула 1 во 2005 година, а за 20 години тимот освои седум титули кај возачите, благодарение на Себастијан Фетел и Макс Ферстапен, како и шест во конкуренција на конструктори.

Ред Бул во четвртокот вечерта го претстави болидот за новата сезона, која започнува со Големата награда на Бахреин од 29 февруари до 2 март. Претходно сите возачи ќе тестираат на патеката „Сакир“, од следната среда до петок.

Можете да прочитате

И второто злато на ОИ 2024 за Кина

Ѓуретановиќ не го исплива неговото најдобро време на Олимпијадата во Париз

Кинеската стрелачка репрезентација го освои првиот златен медал на Олимпијадата 2024