Утрински Весник
Свет

Во затворска ќелија почина рускиот опозициски лидер Алексеј Навални

20240216123738.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Почина рускиот опозициски лидер Алексеј Навални (47), кој отслужуваше затворска казна во регионот Јамало-Ненец на крајниот север на Русија. Ова денеска го соопштија руските новински агенции, повикувајќи се на управата на затворот, а пренесува Ројтерс. -Денеска во казнената колонија бр.3 на осудените А.А.Навални се чувствува лошо по прошетката и речиси веднаш потоа ја загуби свеста. На местото веднаш била повикана екипа за итна медицинска помош која веднаш пристигнала. Преземени се сите мерки за реанимација, но не дале позитивен резултат. Лекарите од итната помош ја констатирале смртта на осуденикот, се вели во соопштението на руската затворска управа. Навални, најистакнатиот критичар на претседателот Владимир Путин во Русија и жесток противник на војната во Украина, одлежа 11 и пол години затвор за измама, непочитување на судот и прекршување на условната казна. Тој ги отфрли сите овие обвинувања како измислени и политички мотивирани.

Можете да прочитате

Естонија: Руски граничари влегоа на наша територија

Рим размислува за влезница од две евра за Фонтаната Треви

Мелони: Најголемиот непријател на ЕУ е сопствената неодлучност