Утрински Весник
Спорт

Ред Бул го претстави РБ20, болидот со кој ќе ги брани титулите во Формула 1

20240215221428 big 730x400 26.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Тимот на Ред Бул официјално го претстави болидот РБ20, со кој ќе ги брани шампионските титули во Формула 1 во сезоната 2024 година.

РБ20 ќе има тешка задача да го наследи РБ19, кој стана најдоминантниот болид во историјата на Формула 1. Во 2023 година, Ред Бул освои 21 победа на 22 трки, што ќе биде тешко да се повтори во новата сезона.

И покрај нивната доминација од минатата година, Ред Бул не мируваа и направија многу промени во својот болид. Највидливи се во пределот на воздушните кутии, чии доводи за воздух имаат минимален отвор кој тешко се забележува и затоа не влијае значително на протокот на воздух кон задното крило и задниот дел од подот.

Друг интересен детал е капакот на моторот, кој има единствен хоризонтален елемент. Овој дел многу потсетува на капакот на моторот што Мерцедес го користеше минатата година, но не го задржа за вчера претставениот В15.

РБ20 веќе ги помина првите километри на патека. Тоа се случи во вторникот кога Ред Бул го искористи својот прв ден за снимање во годината за да го тестира болидот на Силверстоун. Следното излегување на РБ20 ќе биде за време на претсезонскиот тест, кој ќе се одржи во Сахир во Бахреин од среда до петок.

Можете да прочитате

Англија и Франција најскапи репрезентации на СП 2026

ФФМ поведува дисциплинска постапка против поранешниот претседател Муамед Сејдини

Ѓоковиќ: Целта ми е настап на ЛОИ 2028