Утрински Весник
Спорт

Пелистер последен учесник во полуфиналето на кошаркарскиот Куп на Македонија

20240215222751 Big 730x400 90.webp.webp

Во последниот меч од четвртфиналето на Купот „Благоја Георгиевски-Буштур“, кошаркарите на Пелистер стигнаа до триумф над Феникс 2010 со 81:70 (35:38), и со тоа станаа последниот учесник во полуфиналето на кошаркарскиот Куп на Македонија.

Пред своите навивачи клубот од Битола го оправда статусот на фаворит, покажа добра игра и заслужено дојде до триумф. Избраниците на тренерот Дарко Радуловиќ го одиграа еден од најдобрите натпревари оваа сезона и со слична игра можат да се надеваат и за место во финалето.

Победниците ги предводеше Магдевски, кој реализираше 17 поени, го следеше Маслинко со 14, Стојановски имаше 11, а Најт уште 10 поени.

Во екипата на Феникс 2010, Џонс забележа 20 поени, додека Трајковски зад своето име запиша 16 поени и 11 скока.

Утре навечер, од 19.30 часот, Пелистер ќе го продолжи својот пат кон пехарот од Купот на Македонија, а следна пречка кон таа цел е кавадаречки Еуро Никел 2005.

Резултати:

Четвртфинале:

МЗТ Скопје Аеродром – Гостивар 91:76
Еуро Никел 2005 – Чаир 2030 87:79
Работнички – ТФТ Моцарт 75:68
Пелистер – Феникс 2010 81:70

Полуфинале:

16.февруари

17.00: МЗТ Скопје Аеродром – Работнички
19.30: Еуро Никел 2005 – Пелистер.

Можете да прочитате

Почна судскиот процес за изнуда на пари од Погба, меѓу обвинетите и неговиот брат

Навивачите на Баерн со порака за претседателот на ПСЖ

Манчестер сити испушти 3:0 над Феенорд и ја продолжи серијата без победа на шест натпревари