Утрински Весник
Свет

Венецуела нареди персоналот на Обединетите нации за човекови права да ја напушти државата во рок од 72 часа

20240215205908 Big 730x400 90.webp.webp

Владата на Венецуела побара од персоналот на Обединетите нации за човекови права (OHCHR) да ја напуштат земјата во следните три дена, нагласувајќи дека ќе ја разгледаат соработката со организацијата на ОН.

Владата на таа јужноамериканска земја соопшти дека одлучила да ги „суспендира сите активности на техничкото советодавно биро на Канцеларијата на високиот комесар за човекови права и да спроведе детална ревизија на условите за техничка соработка“.

Ревизијата ќе биде направена во следните 30 дена, додаде венецуелската влада, истакнувајќи дека целиот персонал на ОН поврзан со Канцеларијата мора да ја напушти земјата во следните 72 часа.

Можете да прочитате

Блинкен: Ракетата што го погоди Голан била лансирана од Хезболах

Нетанјаху: Терористите на Хезболах убија деца, ќе платат висока цена

Северна Кореја предупреди на целосно уништување на непријателот во случај на војна