Утрински Весник
Свет

Израелски специјалци упаднаа во главната болница во јужниот дел на Газа,има мртви и ранети

Gaza 2.jpg

Израелски специјалци извршија упад во болницата Насер во градот Кан Јунис во јужниот дел на Газа, соопшти израелската војска, наведувајќи дека има веродостојни информации дека телата на израелските заложници може да се наоѓаат во објектот.

„Ние спроведуваме прецизни операции за спасување, како што правевме во минатото, каде што нашите разузнавачки информации укажуваат дека може да се држат тела на заложници“, се вели во соопштението на војската.

Министерството за здравство на Газа потврди дека израелските сили ја нападнале главната болница во јужниот дел на територијата. Болницата Насер беше главно отсечена од неколкунеделните борби. Вчера илјадници раселени Палестинци кои се засолниле таму почнаа да бегаат откако Израел објави дека им отворил коридор за бегство.

Во текот на ноќта, израелски оган врз објектот уби еден пациент, а рани шест други, изјавија лекарите. Израелските сили отворија оган врз главната болница во јужниот дел на Газа рано во четвртокот, убивајќи еден пациент, а ранети уште шест, изјавија лекарите, додека армијата се обидуваше да евакуира илјадници раселени луѓе од медицинскиот комплекс, кој беше главно отсечен од неколкунеделните борби.

Можете да прочитате

Мишел Барние на чело на новата влада, Макрон бара национално единство

ЕВРОПСКИТЕ АЛПИ УБАВО ПОБЕЛЕА: Пристигна зимата на високите места низ европскиот континент

Љубовен скандал го тресе италијанското Министерство за култура