Утрински Весник
Скопје

Герасимовски: Поделени 150 пакети за социјално загрозени семејства

Whatsapp Image 2024 02 14 At 10.30.33 E5304ade.jpg

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски подели 150 пакети со прехранбени продукти и хигиенски производи, наменети за социјално загрозени лица и семејства од Општина Центар. Социјалните пакети ги подели градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски заедно со претставници од  невладината организација „Банка за храна на Македонија” и истите се донација од општествено одговорните компании Стокомак, Рамсторе, Веро и Кам маркети.

„Продолжуваме со реализација на Хуманитарната иницијатива „Нула глад во Општина Центар” која е добредојдена за нашите сограѓани кои се наоѓаат во социјален ризик на сиромаштија. Верувам дека истата ќе придонесе кон подобрување на нивната сигурност и благосостојба со првична помош и поддршка за задоволување на основните животни потреби. Општина Центар ќе биде тука да им излезе во пресрет на оние кои имаат најголема потреба од помош”, порача Герасимовски. 

Општина Центар ги повикува и останатите компании да се приклучат со донации и да ја поддржат хуманитарната иницијатива „Нула глад во Општина Центар” со цел да им се помогне на најранливата категорија наши сограѓани. Општина Центар секогаш ќе се залага за организирање на разновидни хуманитарни акции за помош онаму каде е најпотребно.

Можете да прочитате

Град Скопје: Ја поздравуваме одлуката на Владата

Арсовска за недостигот на гориво во ЈСП: Oбразложението на Бирото за јавни набавки за поништениот тендер е небулозно

Додека Скопје чека автобуси, Арсовска чека аплаузи во Бразил