Утрински Весник
Скопје

Општина Центар ќе субвнционира реконструкција на фасади на колективни станбени згради, објавен е Jавниот повик

Whatsapp Image 2024 02 14 At 09.48.52 007aff3e.jpg

Oпштина Центар денеска го објави Јавниот повик за пријавување на заинтересирани сопственици на заеднички делови на колективни станбени згради управувани од управител на станбени згради или заедница на сопственици од подрачјето на Општина Центар за реконструкција на фасадите на нивните станбени згради. Реконструкцијата на фасади опфаќа обновување на постојната фасада со нова термичка (енергетски ефикасна) фасадна обвивка, односно фасаден систем, на постојни станбени згради на територија на Општина Центар.

Пријавувањето на заинтересираните сопственици на заедничките делови на колективните станбени згради ќе се одвива во неколку фази, информирање на заинтересираните сопственици на станови преку интернет-страницата на Општина Центар и печатените медиуми, прием и прегледување на пријавите и конечен избор на колективните станбени згради со кои Општина Центар понатаму ќе контактира и соработува. Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски известува дека селекцијата ќе се врши по принципот „прв дојден, прв услужен” согласно правосилното решение за реконструкција на фасада.

„Проектот ќе биде поддржан со финансиски средства од Буџетот на Општина Центар, Програма ГДО, во висина од 30 % од вкупниот износ од вредноста на енергетски ефикасната фасада на станбената зграда за колективно домување, но не повеќе од 1.000.000,00 денари за секоја одобрена апликација, поднесена од заедница на станари или од мнозинство сопственици на посебни делови од станбената зграда апликантот. Јавниот повик ќе се реализира со селекција што ќе се врши по принципот „прв дојден, прв услужен”, додека предуслов за добивање финансиски средства е да се обезбеди правосилно РЕШЕНИЕ за реконструкција на фасада во согласност со законските прописи”, истакнува Герасимовски.

Право на учество на Јавниот повик имаат заинтересираните заедници на сопственици на станови во колективни станбени згради од подрачјето на Општина Центар чија зграда е постара од 25 години; сопствениците на станови да имаат регистрирано заедница на сопственици или да имаат избрано управител на станбената зграда; најмалку 70% од станарите сами да ги заменат индивидуалните балконски врати и прозорци; станбената единица да нема протекување од кровот и др. Предмет на разгледување нема да бидат објекти кај кои веќе е извршена реконструкција на фасадата пред објавувањето на овој Јавен повик. Барањата за реконструкција на фасадата на станбената зграда се однесуваат на постојниот објект како целина (не поединечни влезови) преку поставување термоизолациона фасада на станбената зграда. Барањата што се однесуваат на делумна реконструкција нема да бидат земени предвид.

Заинтересираните заедници на сопственици на станови во колективни станбени згради поднесуваат пријава на образец што може да го подигнат на пријавницата во Барака 3, во Архивата на Општина Центар во барака 6 или на интернет-страницата https://www.centar.gov.mk/?p=19905 каде може да прочитаат дополнителни информации за потребните документите при поднесување на пријавата. 

Сите информации поврзани со јавниот повик може да се добијат и на телефонските броеви 02/3203646 – Сектор за уредување на градежно земјиште и 02/3203659 – Сектор за урбанизам или во приемните денови Вторник и Четврток од 09.00 до 11.00 часот во барака број 3 во Општина Центар.

Заинтересираните заедници на сопственици на станови во колективни станбени згради пријавите и целата документација за учество во Јавниот повик може да ги достават од 26.02.2024 година најдоцна до 01.11.2024 година.

Сите вишоци и непредвидени работи што ќе произлезат при реализацијата на фасадата ќе бидат на товар на заедницата, односно управителот. Доколку средствата не бидат целосно искористени, да се приложи известување со повраток на средства на сметката на Општина Центар-Скопје.

Општина Центар известува дека во периодот од донесување на одлуката за распишување на избори до завршувањето на изборот на претседател на Република Северна Македонија, пратеници во Собранието и изборот на Владата на Република Северна Македонија, Општина ЦЕНТАР – Скопје нема да врши избор на подносителите кои ги исполнуваат условите со повикот како и да врши исплата односно субвенционирање по овој основ.  

Можете да прочитате

Граѓаните пробаа да влезат кај Данела, откако таа не излезе на протестот

Град Скопје: Во Шуто Оризари нема јавен превоз поради советничката група на ВМРО-ДПМНЕ

Дудуш до Арсовска: „Пишува ли на автобусите на ЈСП ‘забрането за Роми’“