Утрински Весник
Скопје

162 санкционирани возачи во Скопје

Policija.jpg

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (13.02.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 162 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 14 санкции, 16 мерки за возење без возачка дозвола, четири санкции за поминување на затворен сигнал – црвено светло, 10 санкции за користење мобилен телефон при возење, три мерки за некористење сигурносен појас…

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Се апелира до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот и заедно да се придонесе за посигурни патишта. 

Можете да прочитате

Град Скопје: Ја поздравуваме одлуката на Владата

Арсовска за недостигот на гориво во ЈСП: Oбразложението на Бирото за јавни набавки за поништениот тендер е небулозно

Додека Скопје чека автобуси, Арсовска чека аплаузи во Бразил