Утрински Весник
Македонија

Таравари во градоначалничкиот кабинет се сретнал со лидерите на албанската опозиција

Len taravari.jpg

Вчера попладне во просториите на општина Гостивар се одржала средба помеѓу претседателот на АА, Арбен Таравари и лидерите на албанските опозициски партии Билал Касами, Изет Меџити и Африм Гаши, како и со и претставникот на Самоопределување, Беким Чоку, објави весникот Лајм.

Причината за оваа средба се заедничката соработка и политичките активности, а во наредните денови се очекува и официјално формализирање на соработката со Таравари.

“Станува збор за работна средба, на која ќе ги дискутираме соработката, синхронизацијата на заедничката платформата, визиите, агендите, средбите со граѓаните и пошироко”, рече Меџити.

“Дојдени сме на кафе и разговор со градоначалникот на Гостивар и претседател на Алијансата, на разговор за предизвиците што не очекуваат. Промената е започната. Се очекува формализирање на соработката во наредните денови” изјави Касами за Лајм.

По завршувањето на работниот состанок Таравари изјави дека по средбата со членовите ва претседателството и на собранието на АА добиена е согласност за продолжуванје на разговорите со албанаките опозициски партии и за синхроизација на заедничката платформа. Запрашан дали се уште е во важност понудата за претседателската кандидатура

Таравари изјави дека понудата е се уште активна и ќе се разгледува во наредниот период.

Можете да прочитате

Не сакам да бидам маша во сценарио за изборен пораз – Костадинов нема да се кандидира како независен за Струмица

Онлајн закажување термин за сликање за лични документи и за македонската дијаспора, соопшти МВР

Стефан Лазаров за скандалозниот предлог данок на Мицкоски: Со вакви услови за живот само ќе ги натерате младите кои не се во брак побрзо да си заминат од Македонија