Утрински Весник
Македонија

Од утре не смеете да возите ако возачката дозвола не ви е со името Северна Македонија

Policija.webp.webp

Министерството за внатрешни работи денеска извести дека вечерва од полноќ, односно од 13 февруари 2024 година ќе важат само возачките дозволи со името Република Северна Македонија.

„Министерството за внатрешни работи ќе постапува согласно закон и затоа апелираме граѓаните да не управуваат возило доколку немаат валидна возачка дозвола со името Република Северна Македонија. Предупредуваме и дека во случај на настаната штета при евентуална сообраќајна несреќа, поради невалидната возачка дозвола, граѓаните кои немаат валидна возачка дозвола ќе мора да ги сносат последиците околу евентуалната штета.

Во однос на налепниците НМК за регистерските таблички, повторуваме дека тие се комплетно бесплатни за граѓаните, а секоја евентуална злоупотреба  односно било какво наплаќање ќе биде ригорозно санкционирано. Граѓаните можат во било која станица за технички преглед да отидат со возилото и сообраќајната дозвола и од страна на контролор од станицата за технички преглед ќе им бидат залепени налепниците на регистерските таблици“ велат од МВР.

Можете да прочитате

Мицкоски: Македонија нема алтернатива освен да одиме напред

Бројот на поплаки од семејствата на повредените во Кочани е значително намален, огромен дел од здравствената заштита на повредените е покриена од страна на државата,вели Клековски

Сиљановска Давкова: Идентитетот не може да се препознае низ ајварот, виното и пунџурот, верувам дека изјавата на Кос е несреќна и случајна