Утрински Весник
Свет

Реакција на НАТО по изјавата на Трамп: Ќе следи силен одговор ако Русија нападне членка на Алијансата

1707667438 Unnamed File.webp.webp

Секое навестување дека сојузниците на НАТО нема да се бранат меѓусебно, ја поткопува безбедноста на Алијансата и ги става на ризик американските и европските војници, изјави денеска генералниот секретар на организацијата Јенс Столтенберг, откако поранешниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека нема да ги заштити земјите кои не ги плаќаат нивните обврски, со цел да ја „охрабри“ Русија да ги нападне.

„Секој напад врз НАТО би бил проследен со обединет и силен одговор“, рекол Столтенберг за време на посетата на Париз, пренесе Ројтерс.

Во саботата, Трамп откри дека, за време на состанокот на НАТО, му рекол на шефот на „една голема земја“ дека САД под негово водство нема да ги штитат „деликвентните“ земји, но и дека ќе ја „охрабри“ Русија да нападне која било членка на НАТО која не ги плаќа своите обврски.обврски кон Северноатлантската алијанса.

Изјавата на Трамп веднаш беше критикувана од Белата куќа, која ја нарече „грозоморна и несоодветна“.

Можете да прочитате

Боксерскиот тренер на Самоа почина во Олимпиското село во Париз

Холанѓанец осуден за силување дете доби дозвола да се натпреварува на Олимпијадата

Бројот на загинати Палестинци во денешниот израелски воздушен напад за искачи на најмалку 30