Утрински Весник
Македонија

НАЈАВА: Покрај силниот јужен ветер, следува и валкан дожд!

Gfs 0 6 660x330 1.png

Изминатата ноќ бевме сведоци на многу силен ветер од јужен правец, предизвикан од длабок циклон со центар над Џенова. Силниот ветер ќе продолжи до крајот на денешниот ден и локално ќе достигнува брзина од над 60/70 км/час.

Под влијание на влажен воздушен бран, особено кон крајот на денешниот ден, во текот на ноќта и утре ќе има повремени врнежи од дожд и локално тие ќе бидат обилни (над 20 л/м2), а не се исклучува можноста за ретка појава на грмежи. Снег ќе врне само на највисоките планини (над 2000 метри надморска височина).

Утре услови за провејување на снег ќе има и на планинските места со надморска височина од под 2000 метри, што значи температурите ќе бележат тенденција на опаѓање.

И во Скопје и околината кон крајот на денов и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд, а ќе продолжи да дува засилен ветер од јужен и од југоисточен правец.

Температурите и денес ќе бидат релативно високи за овој период од годината и ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 15 степени.

Наскоро следува детална неделна анализа на времето, за новата седмица која е пред нас.

Можете да прочитате

Поднесени обвиненија за поткуп и злоупотреби при даночните контроли на “Пулс”

Посвежо време со северен ветер: Денеска дожд на северот, снег на високите планини

Речиси 1.000 пожари на возила од 2022 до 2026 година