Утрински Весник
Свет

Телефонски разговор Зеленски – Макрон

Makron zelenski.png

Претседателот на Украина и на Франција, Володимир Зеленски и Емануел Макрон во денешниот телефонски разговор ја истакнаа „потребата на Киев“ за оружје и муниција.

– Потребите на Украина вклучуваат беспилотни летала, артилерија и муниција, електронски одбранбени системи и системи за противвоздушна одбрана, објави Зеленски на платформата Икс.

Според Зеленски, разговорот со Макрон бил „многу позитивен и конкретен“ и ѝ се за заблагодари на Франција за нејзината „непоколеблива поддршка“.

Елисејската палата соопшти дека Макрон ја повторил „решеноста на Франција да ја обезбеди сета потребна поддршка, долгорочна и со сите свои партнери, за Украина да го победи рускиот агресор“.

Макрон и Зеленски разговараа и за билатералниот договор за одбрана што Франција и Украина размислуваат да го склучат наскоро, по неодамнешниот договор на Киев со Велика Британија. 

Можете да прочитате

Трамп со поддршка за Орбан

Трамп ќе ja гради највисoката триумфална капија во светот

Екипажот на Артемис 2 безбедно се врати на Земјата